Долгоочекуваната нова книга од Агрон Усеини „Џилиан“ ја имаше својата книжевна промоција во Скопје.
Во „Среќа бар“ читателската публика имаше прилика да слушне нешто повеќе за делото, да поразговара со авторот и официјално да си ја купи книгата. Во опуштена атмосфера, преку книжевен разговор со Милена Сиљаноска, авторот зборуваше за мотивини и предизвиците при пишување на книгата.
Публиката заинтересирано го следеше разговорот, кој продолжи и во неофицијалниот дел на промоцијата, со голем интерес да се открие што повеќе за книгата.




