Новости

 

 

Македонската авторка Мери Арсова, препознатлива по своето дело „Коски, пепел, чад“ ова лето на својата читателска публика и приреди едно изненадување. Имено, авторката која долго зборуваше за објавување на нново дело – конечно ја сподели својата нова книга „Речиси мајка“ со својата публика. 

 

Инспирирана од реалните случки кои се случиле во нејзиниот живот, Мери во ова нова дело внесува дел од својата лична приказна, која испреплетена со нејзиниот препознатлив стил, создава дело кое не држи во неизвесност до последната страница!

 

Младиот брачен пар Дина и Матеј го очекуваат првото дете и тоа ги прави неизмерно среќни. Среќата нараснува кога за првпат ќе ја видат и допрат ќерката. За три дена ќе бидат пуштени од болница и Дина конечно ќе почувствува што значи да се биде мајка. Дали е сè така едноставно или идиличната слика може да биде уништена со само еден погрешен потег?

Што се случува со бракот и со семејството кога се ставени пред голем предизвик? Дали цврстата градба на овие заедници може да го издржи и најтешкиот товар?

Психолошки трилер којшто отвора низа теми за загубата, психичкото здравје и за опстанувањето во неиздржливите моменти. Инспирирано од вистински настан што авторката лично го доживеала.

Оваа приказна може да се случи секаде и во секое време, за жал, за некои настани, факторите место и време не играат никаква улога.

 

Авторката најавува и промоција на книгата.