News

 

 

По објавувањето на новата книга „Ти си херој“, авторот Денис Бојаров ги собра љубителите на пишаниот збор на нејзината официјална промоција и книжевна дружба.

На настанот, читателите имаа прилика одблизу да се запознаат со инспиративната приказна што ги истражува личните предизвици, внатрешната сила и секојдневните херојства. Забележителниот интерес за ова издание ветува уште една топла и исполнета вечер посветена на македонската книжевност.

Промоцијата беше настан каде читателите имаа прилика за  отворен разговор со авторот, дискусија за главните мотиви во книгата, како и можност за потпишување примероци и дружење со останатите читатели.