News

 

 

Иако е лето, македонската читателска публика докажа дека интересот за домашните автори никогаш не одмара. Во преполната „Бејкерстрит“ книжарница се одржа промоцијата на „Речиси мајка“, новата книга од Мери Арсова.

 

Публиката со огромен интерес го слушаше разгворот помеѓу Мери и промоторот Перица Илиевски, во кој авторката сподели доста детали за инспирацијата на книгата која е базирана на вистинска случка од нејзиниот живот.

 

Читателите беа радосни сда си ја купат новата книга, да си земат потпишан примерок и да го продолжат разговорот со авторката и останатите читатели.