News

 

 

Македонската литература за деца е збогатена со уште  книжевно издание кое активно зборува за пријателството и грижата за природата. Авторката Надица Митевска ја објави својата нова книга за деца насловена „Како Мони и Марко ја спасија шумата“.

Преку поучна, топла и возбудлива приказна, авторката ги води децата низ авантурите на главните ликови Мони и Марко, кои се соочуваат со важноста на зачувувањето на животната средина и грижата за природата. Книгата изобилува со важни пораки за пријателството, тимската работа и еколошката свест, претставени на начин што е лесно разбирлив и инспиративен за детската возраст.

Мони и Марко се љубопитни близнаци кои ја обожаваат природата и нејзините тајни. Но една обична прошетка низ шумата се претвора во неверојатна авантура кога пред нив се појавуваат животни што зборуваат, мистериозни светлечки топки и цветни самовили со важна мисија.

Планетата Земја е во опасност.

Кога природата ќе побара помош, токму тие се избрани да ја вратат нејзината рамнотежа.

Заедно со своите магични пријатели, близнаците ќе мора да покажат храброст, истрајност и вистинско пријателство за да ги надминат предизвиците што ги очекуваат.

Возбудлива приказна што ја буди еколошката свест и потсетува дека најголемите херои се оние со чисто срце – и дека секое дете може да стане чувар на нашата прекрасна планета.