News

 

 

Годинава, на саемот на книга 2026, меѓу новитетите од домашните автори се најде и делото „Заследи ме“ од Јордан Коцевски. Делото, кое е ре-издание од авторот, во своето ново руво е во издание на издавачката куќа „Антолог“.

 

Делото имаше и своја саемска промоција.

 

„Заследи ме“ е драма со премиси на психолошки трилер, чие дејство е сместено во Скопје и „…си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи.

Марина, главниот лик, позната инфлуенсерка, ќе се најде во ситуација во која ќе мора да ги преиспита своите вредности и вредностите што ги пропагира на нејзиниот Инстаграм профил. Низ процесот, таа освестува елементи на ’сајбер булинг‘, на врсничко насилство, па и на лицемерие, што една ваква активност ги поттикнува. Со тоа, Коцевски суптилно зборува за одговорноста на инфлуенсерот, но и за тоа колку за инфлуенсерството може да се зборува како за вистинска професија.-Мерсиха Исмајлоска