
Biography
Тихомир Јанчовски – поет, професор, преведувач и колумнист. Роден e нa 24 август 1967, во Скопје. Основно и гимназија завршил во родниот град, војска служел во Постојна, Словенија (1986). Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја (2008). Пред да наполни 30 години живеел во родниот град, во Брисел, на островот Скијатос, малку во Амстердам, повеќе во Лондон и Будимпешта, и пак во Скопје. Најмногу во Скопје. Бил трипати на Света Гора, четирипати во Солт Лејк Сити. Работел како физикалец, собар, тревокосач, разнесувач на весници, работник во фабрика за сокови, продавач на тезга (Ковент Гарден), келнер, чувар на плажа, шанкер, новинар, музичар, колумнист, уредник, преведувач и професор по литература и светска историја. Објавил единаесет книги поезија, три романи, детска книга со басни и една книга колумни. Живее и работи во Скопје.
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија (Млад борец, Студентски збор, Proglas, Texas Poetry Review, Život, Journal, Blesok, Voix Mediteranee…). Има издадено книга на англиски – “(The Noise of Loneliness, USA) и на српскохрватски јазик (Godine, BiH). Преведуван е на 15 јазици: англиски, француски, словачки, српски, хрватски, албански, босански, грчки, германски, грузиски, словенечки, руски, украински, персиски и италијански јазик.
Застапуван е во голем број антологии и избори од националната, балканската и светската поезија.
Од 2013 до 2016 објавувал колумни во Утрински весник, во рубриката „рурбано“. Исто и на офф.нет, рубрика „Исповеди“. Од 2021 редовно објавува колумни во месечникот „Економија и бизнис“.
Објавени авторски книги:
- Обични зборови, Табернакул, Скопје, 1999
- Два, Кинематика, Скопје, 2002
- Последно време, Блесок, Скопје, 2005
- Осама, Или-или, Скопје, 2010
- О, ти, Темплум, Скопје, 2011
- Староста може, а и не мора да се дочека, Матица, Скопје, 2013
- Од збор до збор, Антолог, Скопје, 2016 (избор)
- Игла и конец, Матица, Скопје, 2016
- Влакно на јазикот, самостојно издание, Скопје, 2018
- Godine, Buybook, Sarajevo, 2017
- The Noise of Loneliness, Inner Child Press, New Jersey, 2018
- Лидија, или сѐ што знам за жените, поетски роман, самостојно издание, Скопје, 2018
- Како ми скроија капа и други записи, Матица, Скопје 2018
- Сѐ што знам за животот, роман, с.и. 2019
- Пред некое време, поезија, с.и. Скопје, 2021
- Несреден век, поезија, Стрип Квадрат, Скопје, 2021
- Приказни за деца и животни, Сивејан, Скопје, 2022
- Патина, Стрип Квадрат, Скопје, 2022
- Ден-година, с.и. Скопје, 2023