Година на прво издание:

2018

ISBN: 978-608-243-269-4

Број на страници: 68

Формат: 12×20

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: 

Жанр: поезија

Извадоци од рецензии

Ако не се каже сега, можеби нема да се каже никогаш дека третата поетска книга на Јосип Коцев (по сјајното деби со Јас, Квентин Скриблер и стихозбирката Напишана тишина, која сосема оправдано беше во конкуренција за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 година), е токму една таква книга. Сега е најдолгото никогаш би можела да се чита како љубовна поема, како поетска партитура во три става („Сега“, „Никогаш“ и „Најдолгото никогаш“). Кога ги читаме песните на Јосип Коцев, му се радуваме на поетското „сега и тука“, со леснотија доловено во секоја поетска слика. Речиси на секоја нова страница нѐ дочекува една убава стапица: сакаме пак да ја препрочитаме веќе прочитаната песна, но едновремено сакаме да свртиме и нова страница за да ја видиме следната, а се добива впечаток дека песните се прелеваат една во друга и како заедно да создаваат една поголема поетска синтеза.

Владимир Мартиновски

Автор

Повеќе од авторот

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment