Година на прво издание:
2023
ISBN: 978-608-243-656-2
Број на страници: 94
Формат: 12×20
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: поезија
Извадоци од рецензии
Новата поетска книга на Јосип Коцев е убава, зрела и избрусена. Препознатливиот формат на „крвава љубовна лирика“ или „адресирана љубовна лирика“ си е зачуван, но, за среќа, и надограден, развиен со едни прекрасни, длабоки рефлексивни песни од кои на врвот е „Детства“.
Оливера Ќорвезироска
Она што Коцев го најави уште во 2015 година со своето првенче „Јас, Квентин Скриблер“, а растеше во неговите следни дела, сега е сосема препознатлив знак за неговото веќе зрело поетско писмо: непоправлив лиричар, мајстор на кусиот, прецизен, а сепак толку раскошен стих.
Александра Јуруковска