Новости

 

Домашната детска литература се збогати со уште едно прекрасно дело за најмладите читатели. Нова колекција на прекрасни детски песнички од Боби Додевски насловена како „Радосница за деца“ е сега достапна за најмладата читателска публика! 

 

Од песничката за зајчето, кенгурот и штурчето до песничките за Скопје, полицаецот и учителката! Книгата содржи бројни песнички со лесна рима, кои имаат за цел да не потсетат на убавините на нашето секојдневие и на некои од најважните вредности во животот.

 

Искрена, духовита, поучна, весела, разиграна и што уште не.

И сигурно дека ќе им се допадне на децата, затоа што ја има напишано едно големо дете.“ – Игор Џамбазов

 

Ова е прво литературно дело на Боби Додевски. Авторот најавува и промоција на книгата.