Новости

 

 

Македонската книжевна сцена е збогатена со уште едно новокнижевно издание за најмладите читатели. Авторот Денис Бојаров ја издаде својата најнова книга насловена „Ти си херој“.

Изданието носи инспиративна и современа приказна што ги истражува личните предизвици, внатрешната сила и секојдневните херојства. Со својот препознатлив стил, Бојаров нуди четиво што ги поттикнува читателите да ја препознаат сопствената вредност и моќ во современото општество. Иако книгата е наменета за деца, секој голем и мал читател може да се пронајде во нејзината тематика.

„Ема и Филип се двајца пријатели со големи срца и со уште поголеми соништа… Со боички и моливи, преку уметнички страсти и безусловна поддршка, тие учат дека вистинското пријателство има моќ да го промени животот.

Tопла и инспиративна приказна за различноста, за храброста да бидеш свој, за надежта и за силата што се раѓа кога навистина се слушаме и се разбираме. Приказна за сите што веруваат дека една насмевка, една подадена рака и една книга можат да направат вистинско чудо. Тргни во авантура со Ема и Филип…

Можеби ќе откриеш дека и ти си херој.“