Биографија
Драгана Евтимова е дипломиран професор по македонска литература и јужнословенски книжевности и словенечки јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, во Скопје, Македонија. Таа е дипломиран преведувач за словенечки јазик и литература на Универзитетот во Љубљана, Филозовски факултет. Mагистриала на Институтот за литература во Скопје, магистер по културологија. Член на ДПМ од 2017 година.
Список на објавени дела (библиографија):
- „Постоењето на динамиката“ (поезија), Сојуз на студенти при Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, 2005;
- „Јас сум некаде на друго место“ (поезија), Магор, 2011;
- „Фусноти по сеќавање“ (поезија), ПНВ, 2014;
- „Се гледаме наскоро. Е.“ (епистоларен роман, заедно со Владимир Лукаш), Антолог, 2017;
- „Растојанието меѓу две точки“ (хаику-поезија), Скопје, 2018;
- „Концептот ’магичен реализам’ како културолошки феномен“ (магистерски труд), Скопје, 2020;
- „Антологија Игропис“, (антологија – дијалог, уредник), Скопје, Фуснота, 2020;
- „Анонимус“, (поезија, дополнето издание), Скопје, Фуснота, 2021.