Биографија

Благоја Стојков е роден на 2 декември 2003 година. Студент е во Скопје, Република Северна Македонија. Првата книга, во сопствено издаваштво со помош од спонзори, ја издава на 17 години, а една година подоцна и втората. Станува збор за акциониот трилер ‚‚Гонејќи дух‘‘ и историската трилер – романса ‚‚Двете ѕвезди‘‘. Во 2023 соработка со издавачката куќа ‚‚Антолог‘‘ го издаде својот најнов роман – ‚‚Пеколен Меден Месец‘‘.  Учествувал на повеќе меѓѕнародни проекти за младинска работа во општествени области како екологија, уметност, социјална инклузивност, новинарство, слобода на говори демократија во Турција, Бугарија, Романија, Шпанија, Португалија и Полска. Има статус на Алумни студент како резултат на неговото учество на студентска размена во САД (Studies of the U.S. Institutes) во институтот за медиуми, новинарство и демократски предизвици во 21-иот век, која се одржување во Вашингтон, Филаделфија и на колеџот  Arizona State University во Феникс, Аризона.

Своето слободно време го исполнува со: уметност, книѓевност, филм, музика, филозофија, психологија, патувања. Како што и самиот вели  ‚Го сакам светот, ги сакам луѓето и се надевам дека ако ништо друго, мојата книга некому ќе му го разубави животот, барем за малку. Целта на вистинскиот уметник  со зодавањето уметност не е да се збогати, да стане славен, да запознае романтични партнери. да си купи нов спортски автомобил или луксузна вила со базен. Целта на вистинскиот уметник е со својата уметност да разбуди некои заборавени чувства во оној којшто ќе ја доживее таа уметност и колу-толку, да му го разубави животот. “

 

Библиографија

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment