Година на прво издание:

2016

ISBN: 978-608-4770-60-2

Број на страници: 95

Формат:

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: 

Жанр: поезија

Опис на делото

Добиени награди:

Енхалон, Струшки вечери на поезијата, 2017

Бели мугри, Дом на културата Кочо Рацин, Скопје 2019

Трипати во потесна конкуренција за наградата Браќа Миладиновци, СВП, 2017, 2020, 2023

Извадоци од рецензии

„Напишана тишина“ е ракопис на ерудит кој не ја изгубил димензијата на срцето во умствените витли на јазикот; напротив, неговото младо поетско перо го возобновува романтизмот на македонскиот јазик што не сме ни сетиле кога исчезнал од параметрите на јазичната функција на зборовите. Метафоризацијата на ситуациите и на состојбите во кои се наоѓа поетскиот субјект е ненаметлива, а моќна. Во поезијата на Јосип Коцев се чувствува вокацијата на поетствувањето како апсолутно вградено во човечката природа на поетот. Сѐ ми се чини дека Јосип Коцев ни самиот не бил свесен дека станал поет уште пред да почне да објавува книги. Нема ништо почесно и поспонтано за еден вистински уметник од тој внатрешен повик на битието да го прави она за што има дарба: во случајот на Коцев – тоа е поезијата.

Лидија Димковска

 

Јосип Коцев е долгоочекуваниот гостин во нашата ширум отворена читателска соба. Сѐ додека го немаше, немавме никакво претчувство за неговото отсуство, но кога се појави, сфативме колку долго ни недостигал, нам, на обичните и на помалку обичните читатели, но и на најновата македонска поезија која одамна вистински се немаше вљубено, немаше сакано олку јавно, која одамна немаше страдано од љубовна болка олку гласно и… крвавено олку црвено и срчно… Сфативме, всушност, колку долго сме ги мереле и премерувале должината, длабината, широчината и височината на најновата македонска поезија, без да ги знаеме реалните димензии на она што сѐ уште го немало во неа; колку долго сме биле предалеку од срцето – преблиску до умот; предалеку од чистата, интимна љубовна лирика – преблиску до рефлексивната; предалеку од националните врвни поетски досези од шеесеттите години на минатиот век, од „Суша, свадба и селидби“ , од „Невиделица“ , од „Рамноденица“ , од „Апотеоза на делникот“ , од „Дениција“ …

Оливера Ќорвезироска

Автор

Повеќе од авторот

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment